Еврокомесарот за трговија обвинет за даночни измами
Еврокомесарот за трговија Карел де Гухт од Белгија, е обвинет за финансиски измами и ќе се соочи со судот , соопштија белгиските медиуми . Даночната администрација го обвинува дека сокрил приходи од продажба на акции , дносно не ги навел во неговата даночна пријава , пренесоа агенциите .
Се очекува делото против него да започне од прва инстанца до крајот на ноември , половина година пред изборите за нов Европски парламент и назначувањето на следната Европска комисија . Де Гухт, неколку часа пред да бидат обелоденети информациите за криминалната постапка , за блегиските медиуми изјави дека е подготвен за нов мандат како еврокомесар . Тој додаде дека нема намера да се враќа во националната политика .
Во март 2011 година корупциски скандал го потресе Европскиот парламент , откако тројца европратеници се согласија да ги продадат своите услуги за 100 илјади евра годишно на новинарите прикриени од британскиот весник " Сандеј тајмс" . Новинарите се претставиле за лобисти и понудиле пари на европратеници против законски измени . Поткупот го примија поранешниот романски вицепремиер Адриан Северин , Зоран Талер , кој е поранешен министер за надворешни работи на Словенија , и Австриецот Ернест Штрасер - поранешен министер за внатрешни работи .
Слично
