Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евро зона: големите економии паднаа во 2012, како ќе биде годинава?

Евро зона: големите економии паднаа во 2012, како ќе биде годинава?
Бруто домашниот производ во еврозоната (EА17) падна за 0.6% , односно за 0.5% во Европската Унија(ЕУ27 ) во текот на четвртиот квартал од 2012 година, во споредба со претходниот квартал, покажуваат последните податоци објавени од Евростат, Заводот за статистика на Европската унија. Во третиот квартал на 2012 година, стапките на раст беа -0,1% во еврозоната и 0,1% во ЕУ. Во споредба со истиот квартал од претходната година,  БДП бележи пад за 0,9% во еврозоната и 0.6% во ЕУ27 во четвртиот квартал на 2012 година. По земји, со пад се соочуваат гигантите Германија – 0, 6 %, Шпанија – 0,7 %, Франција – 0,3 %, Италија – 0,9 %, Португалија – 1,8%, Велика Британија – 0,3%. Од помалите економии Бугарија има раст од 0, 1 %, Чешка пад од 0, 2, Романија пад од 0,2 %. Во текот на целата 2012 година, БДП падна за 0.5% во еврозоната и 0,3% во Европската Унија. Негативни прогнози и за годинава Еврозоната во 2013 година ќе се соочи со уште една година рецесија, а невработеноста најверојатно ќе ја надмине бројката од 20 милиони, соопшти Европската комисија. Се предвидува дека бруто домашниот производ ќе падне за 0,3 одсто во 2013 години, се вели во соопштението на ЕК.
Слично

Поврзани вести