Евро или злота, до 2015 година Полјаците ќе мора да решат
Во 2015 година Полска ќе мора да реши дали ќе го прифати еврото. Како што посочи претседателот Бронислав Коморовски, одлуката треба да биде донесена по парламентарните и претседателските избори за две години.
„Дотогаш е неопходно да се фокусираме врз покривањето на неопходните критериуми за воведување на еврото“, истакна тој.За воведување на еврото прво треба да се направат соодветни промени во уставот, а потоа и јавноста да биде убедена да се откаже од националната валута - злотата, нешто кон што голем број Полјаци се однесуваат скептично.
Слично
