„Евро 6“ задолжителен за сите нови камиони и автобуси
Новите камиони и автобуси кои ќе бидат произведени оваа година, според новите еколошки прописи на ЕУ, ќе треба да емитуваат помали количества штетни издувни гасови. Со барањето за стандардот Евро 6, предвидено е намалување на емисиите на азотен оксид за 80 отсто и на честиците за 66 отсто.
„Намалувањето на емисиите ќе доведе до почист воздух кој го дишиме и напредок на конкурентноста на европската автомобилска индустрија. Со ова се создава двојна добивка: ќе имаме почисти камиони и автобуси, кои ќе бидат во тренд и наменети за извоз ширум светот“, посочи еврокомесарот за индустрија Антонио Тајани.
Слично
