Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРО 2020 полно со политика: Крим, ЛГБТ, „Блек лајвс медр“

ЕВРО 2020 полно со политика: Крим, ЛГБТ, „Блек лајвс медр“

Барањето од Грција да се промени името на Фудбалската федерација на Македонија не беше единствениот политички инцидент на Европското првенство што се игра во 11 града низ Стариот континент. Групната фаза ја одбележаа низа политички скандали и контроверзности кои секако инаку не треба да се поврзуваат со спортот.

Властите на Минхен одлучија да го осветлат со боите на виножитото стадионот „Алијанц Арена“, на денот на натпреварот помеѓу Германија и Унгарија во средата. Но, идејата не помина.

Унгарија изрази негодување, а УЕФА ги забрани ЛГБТ симболите, повикувајќи се на политички контекст: Парламентот на Унгарија неодамна донесе закон сличен на Русија - забранува „хомосексуална пропаганда“ меѓу малолетници. Пред тоа, властите на таа земја го лишија правото на истополови парови да посвојуваат деца.

УЕФА го повика Минхен да го осветли стадионот со бои на солидарност со ЛГБТ луѓето некој друг ден.

Гледачите во Санкт Петербург гласно ја исвиркаа белгиската репрезентација и шпанскиот судија додека клечеа во знак на солидарност со приврзаниците на американското движење „Блек лајвс медр“, што се појави по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис од страна на американската полиција.

Рускиот тим остана да стои, како и Хрватите пред мечот со Англија на „Вембли“.Пред натпреварот, Англиската фудбалска федерација ги замоли навивачите да не свиркаат, а ден пред натпреварот тоа го побара и кралицата Елизабета Втора.

Војните и територијалните спорови меѓу земјите ниту овој пат не го заобиколија фудбалот. Уште пред шампионатот, Украина го врати Крим, кој Русија го анексираше, само на репрезентативниот дрес. УЕФА им нареди на Украинците да го тргнат натписот „Слава на хероите!“ Од фудбалскиот дрес. УЕФА го поддржа територијалниот интегритет, но не и извикот: „Слава на хероите!“.

По протестите во Москва, УЕФА им нареди на Украинците да ги менуваат дресовите, односно да го тргнат тој слоган.




Слично

Поврзани вести