Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евергрин сè уште владее со Суецкиот Канал: Џиновскиот брод со денови го попречува морскиот пат меѓу Европа и Азија

Евергрин сè уште владее со Суецкиот Канал: Џиновскиот брод со денови го попречува морскиот пат меѓу Европа и Азија

Гигантскиот товарен брод „Евергрин“, на јапонската компанија „Shoei Kisen“, кој уште во вторникот го попречи Суецкиот Канал, сè уште го блокира овој теснец помеѓу Европа и Азија.

Вчера, како и претходните денови, управата на каналот се обиде да го ослободи и повторно да го отвори сообраќајот на клучниот воден пат за сообраќај на бродовите помеѓу истокот и западот. Причината за инцидентот не е позната, но се претпоставува дека силниот ветер е еден од „виновниците“.

Бродот, долг 400 метри и широк само 59 метри, натоварен со контејнери, заглавил во вештачки создадениот воден пат, широк само 300 метри, што ја дели континентална Африка од Синајскиот полуостров.

Случајот е невиден во 150-годишната историја на Суецкиот канал, ископан помеѓу Средоземното и Црвеното Море. Неверојатниот поморски инцидент се случи на околу шест километри северно од јужниот влез на каналот во близина на градот Суец, каде сообраќајот се одвива во еден правец. Сега најмалу 250 бродови во Средоземното и Црвеното Море се во мирување.

ФОТО/АП

Слично

Поврзани вести