Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве зошто Шведска сака да го забрани питачењето…

Еве зошто Шведска сака да го забрани питачењето…

Владата во Шведска размислува за воведување на забрана за питачење со цел запирање на пристигнувањата на луѓе од сиромашните земји од ЕУ кои питаат.

Има различни мислења „за“ и „против“ дали забраната да биде на локално или на национално ниво, рече во интервју за Dagens Nyheter министерот за прашањата на државното и верското управување, Ардалан Шекараби. Според истражувањето на јавното мислење, спроведено во мај оваа година, половина од Швеѓаните би сакале да се воведе забрана за просење и само 27% се против таквата мерка. Соседите на Шведска – Норвешка и Данска веќе имаат воведено такви забрани.

Во Шведска, според некои извори, на тој начин заработуваат за живот околу 4.000 евроимигранти – главно Роми од Романија и Бугарија, кои секоја година се сé повеќе и повеќе. Тие можат да се видат на улиците на речиси сите градови во земјата.

Слично

Поврзани вести