Еве зошто Германија е ветена земја
Германија е земја со многу ниска невработеност.
Невработеноста во Германија се спушти на помалку од 5,7% што е најниско ниво од обединувањето во 1994 година. Овие податоци се доказ дека најголемата европска економија е стабилна.
Агенцијата за вработување во петокот ги соопштила резултатите за невработеноста при сезонското прилагодување. Во соопштението се наведува дека стапката на невработеност во април, вклучително со сезонските варијации изнесувала 5,8%, а на тоа ниво била и во март.
„Во поволно економско опкружување растот продолжува, невработеноста опадна во мај, вработувањето е сѐ поголемо, а потрагата за мануелни работи е останата на исто ниво“- вели директорот на Агенцијата, Дерлеф Шеле.
Бројот на луѓе кои бараат работа во мај бил 2,5 милиони, што е за 71.000 помалку од претходниот месец.
