Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД БЕГАЛСКИОТ КАМП-ЖИВИ СЕ ЗАПАЛЕНИ НА СПИЕЊЕ: Израел го погоди бегалскиот камп во болницата Ал Акса и училиште во Газа

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД БЕГАЛСКИОТ КАМП-ЖИВИ СЕ ЗАПАЛЕНИ НА СПИЕЊЕ: Израел го погоди бегалскиот камп во болницата Ал Акса и училиште во Газа

Болничкиот двор беше бегалски камп со 5.000 луѓе

Најмалку четири лица загинаа, а 40 се ранети во израелски воздушен напад врз дворот на болницата Ал Акса, која служи како бегалски камп во централниот дел на Газа и во која се сместени раселените Палестинци, го пренесува Си-Ен-Ен, соопштението од болницата.

Во дворот на болницата имало 5.000 луѓе, а Thenationalnews.com јавува дека најмалку 70 луѓе се ранети.

Си-Ен-Ен објави дека ова е седми пат од јануари кога е погоден бегалскиот камп во болницата Ал Акса во Деир Ал Балах. На видеата од местото на настанот се гледа хаосот што следеше по експлозиите во болницата Ал Акса, пишува „Вашингтон пост“.

Жртвите се болнички пациенти, биле живи запалени додека спиеле

Повикувајќи се на палестински лекари, Fox16.com објави дека во израелски напад на дворот на болницата рано наутро загинале најмалку четири лица и го зафатил преполниот шаторски камп за раселените луѓе, оставајќи повеќе од 20 луѓе со тешки изгореници. Adc.org наведува дека многу од жртвите се болнички пациенти и дека сите се раселени Палестинци кои бараат безбедност.

-Луѓето биле живи запалени додека спиеле, ова е масакр – пишува порталот во видеото објавено на „Инстаграм“.

Израелската војска соопшти дека извршила „прецизен напад“ врз командниот центар на Хамас, наводно лоциран во комплекс што порано служел како болница во Шухада Ал Акса, и дека презела чекори за да ја ограничи штетата на цивилите и го обвини Хамас за употреба на цивилна инфраструктура.

Претходно медиумите објавија дека најмалку 20 лица, меѓу кои и деца, загинале во израелски воздушен напад кој погодил училиште во истиот град.


Слично

Поврзани вести