Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ ШАНСА: Во Германија милион слободни работни места, стапката на невработеност паѓа!

ЕВЕ ШАНСА: Во Германија милион слободни работни места, стапката на невработеност паѓа!

Бројот на невработени во Германија е најнизок во последните 24 години, а стапката на невработеност во октомври паднала на 6 одсто, а преку 600 000 работни места во моментов се непополнети, објави Сојуззната агензија за труд.

Поволниот тренд на пазарот на труд и понатаму трае“, рекол при претставувањето директорот на Сојузната агенција за труд Frank-Juergen Weise. Бројот на невработени во октомри изнесувал 2,54 милиони, што е број кој последен пат е забележан во  1991 година.

Истовремено со падот на стапката на невработеност, бележи засилено занимање на економијата за работници. Во моментов на германскиот пазар на труд непополнети се 612 000 работни места, што е речиси 100 000 повеќе од истиот период лани.

Најмногу непополнети работни места се наоѓаат во секторите на транспорт, тровоја, во металуршкиот сектор, но и во здравството. Како што соопшти Сојузната агенција за труд, непополнети работни места има во сите подрачја.

Меѓутоа, германското министерство на труд бројот на непополнети работни места ги проценува на дури милиони. Министерката за труд Andrea Nahles ја истакнала потреба од зголемување на примена на програмот за преквалификации и дошколување, посебно во сектори на долготрајно невработени.

Frank-Juergen Weisе смета дека за продолжение на поволниот тренд на пазарот на труд е заслужен „стабилниот економски раст“.

Сепак, некои економисти сметаат дека поволниот тренд на германскиот пазар на труд го достигнал врвот и дека во иднина би можеле да следат негативни промени. Тоа во прилог говори за слебеењето на растот во Кина, која е едно од најважните пазари извозно ориентиран кон германската економија.

На пораст на бројот на невработени би можел да допринесе и големиот број бегалсци кои доаѓаат во Германија, а кои уште не се воведени во статистиката. Тие порадинедостаток на квалификации би можеле да влијаат на бројот на невработени.

Состојбата на германскиот пазар на труд се променил најдобро од воведување на реформите на пазарот на труд, кој под името „Агенда 2020“ го покрена социлајдемократската зелена влада на поранешниот канцелари Gerhard Schroeder уште во првата половина на минатата деценија.

„Агенда 2020“ содржала многу кратења во социјалната политика, а со тоа и поефтинување на трудот во Германија, што ги привлекло инвеститорите, но влијаело и на почеток на падот на популарноста на германските социјалдемократи.

Прочитајте ги и овие статии:

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/01/germanija-vo-momentov-bara-600-000-rabotnitsi-ova-se-profesiite-koi-se-nudat/" target="blank" ] Германија во моментов бара 600 000 работници – ова се професиите кои се нудат[/button]

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/05/kako-da-bidete-eden-od-600-000-rabotnitsi-za-germanija/" target="blank" ]Како да бидете еден од 600 000 работници за Германија?[/button]

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/25/kako-da-aplitsirate-za-rabota-vo-germanija/" target="blank" ]Како да аплицирате за работа во Германија?[/button]

Слично

Поврзани вести