Еве од кои европски земји се забранети летови кон САД: Трамп со ригорозни мерки
Милиони Американци ќе бидат заразени, а можеби и над 5 милиони ќе починат, рече претседателот на САД Доналд Трамп, во своето последно видео обраќање.
САД ќе превземат сериозни мерки против ширењето на заразата меѓу кои е и суспендирањето на сите летови од европските земји кон САД, во траење од 30 дена. Забраната не ја опфаќа Велика Британија, а од кабинетот подоцна објаснија дека банирани се летовите од шенген зоната односно од Австрија, Белигија, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.
Сепак американските државјани и нивните семејства ќе можат да се вратат назад во земјата, а забрането е доаѓање на странци.
