Еве кој најмногу произведува, а кој најмногу извезува пиво во ЕУ
Во Европа најмногу пиво се произведува во Германија, а најголем извозник е Холандија.
Германија лани произвела 8,3 милијарди литри пиво, или 21% од вкупната количина во ЕУ.
Со други зборови, секое петто пиво произведено во ЕУ е од Германија.
Зад Германија следи Британија со 13.1%, потоа Полска со 10%, Шпанија со 9%, Холандија со 7% и Белгија со 6%.
Лани Холандија извезла 1,9 милијарди литри пиво.
За увоз омилено е пивото од Мексико. Во 2016 година во ЕУ увезени се 179,5 милијарди литри мексиканско пиво.
Слично
