Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КОЈ ЌЕ УПРАВУВА СО САУДИСКА АРАБИЈА: Кралот назначи нов наследник

ЕВЕ КОЈ ЌЕ УПРАВУВА СО САУДИСКА АРАБИЈА: Кралот назначи нов наследник

Саудискиот крал Салман го прогласи неговиот син, принцот Мохамед бин Салман за наследник на престолот. 

Tој доаѓа на местото на досегашниот престолонаследник, неговиот роднина, принцот Мохамед бин Најеф.

Сега Мохамед бин Салман е и заменик премиер, а ја задржува и функцијата министер за одбрана, како и другите должности што ги вршеше и досега.

Унапредувањето на Мохамед бил Салман е очекувано, но дојде во неоочекуван момент, кога Саудиска Арабија се соочува со влошување на односите со Катар и Иран и со големата криза во Јемен.

Мохамед бин Салман досега ги водеше воените интервенции во Јемен. 

Тој ја предводеше енергетската политика со глобалното влијание и ги креираше плановите за економската иднина на земјата за периодот кога повеќе нема да има нафта.

Слично

Поврзани вести