ЕВЕ КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ТОПЛОТНИТЕ БРАНОВИ: Научниците ја потврдија информација со истражување
Научниците ги споредија топлотните бранови и температурите кои најверојатно се резултат на климатските промени со мониторингот на температурата генериран од модели кои го исклучуваат влијанието на емисиите на стакленички гасови.
Речиси целото светско население беше изложено на зголемени температури како резултат на климатските промени предизвикани од човекот меѓу јуни и август, според рецензираниот извештај на американската истражувачка група Climate Central објавен во петокот.
Ова лето беше најжешкото на северната хемисфера досега, со продолжени топлотни бранови во Северна Америка и јужна Европа кои предизвикаа катастрофални шумски пожари и голем број жртви.
Јули беше најтоплиот месец досега забележан, додека температурите во август беа исто така за 1,5 степени Целзиусови повисоки отколку во прединдустриската ера.
Climate Central ги проучуваше температурите во 180 земји и 22 територии и откри дека 98 отсто од светското население е изложено на повисоки температури, главно како резултат на загадувањето со јаглерод диоксид.
„Буквално никој на Земјата не го избегна влијанието на глобалното затоплување во изминатите три месеци“, рече Ендру Першинг, потпретседател на Climate Central.
Реклами од
„Во секоја земја што можевме да ја анализираме, вклучително и јужната хемисфера каде што ова е најстуденото време од годината, видовме температури што би било тешко да се видат, или речиси невозможни, без човечко влијание врз климата“, посочи тој.
Научниците ги споредија топлотните бранови и температурите кои најверојатно се резултат на климатските промени со мониторингот на температурата генериран од модели кои го исклучуваат влијанието на емисиите на стакленички гасови.
Топлотните бранови во Северна Америка и јужна Европа би биле невозможни без климатските промени, тврди Фридерки Ото, климатски научник од Институтот за климатски промени и животна средина Грантам.
Нејзината група ги проучувала изолираните топлотни бранови и заклучила дека тие не би биле можни без климатските промени.
