Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве кој е Трамп, детали за новиот претседател

Еве кој е Трамп, детали за новиот претседател

Доналд Трамп е роден на 14 јуни 1946 година во Квинс во Њујорк. 

Богатството кое денес го има во стекнал со децении работа со недвижности. 

По завршување на образованието во Вортон, се вклучил во семејниот бизнис и станал многу успешен. 

Се покажало дека е надарен за паметни инвестиции и во 80-те години на минатиот век имал свое „деловно царство“. 

Освен недвижности, во неговото деловно портфолио има и коцкарници, спортски клубови, транспортни претпријатија и друго. 

Но бурните деведесети години не ги одминаа и богатите луѓе, па така Трамп пред банкрот се нашол во 1990 година. 

Тогаш се спасил така што банките му реструктуирале огромен дел од долгот. 

Во 1994 година продал неколку недвижности и долгот го свел на 3.5 милијарди долари. 

Во 1995 година она што го поседува го обединува во Trump Hotels & Casino Resorts. 

Во 1998 година му паднале акциите, но и од оваа криза се извлекол. 

Денес тој „тежи“ неколку милијарди долари. 



Слично

Поврзани вести