Еве кој е најскапиот град во светот
Ангола е земјата која го има најскапиот град во светот, Луанда главниот и најголем град на оваа земја според годишното истражување на „Мерсер“ е поскапа од Москва и од Токио.
Изнајмувањето на еден луксузен стан со две спални соби во овој град чини околу 10.000 долари, додека ова задоволство во Москва ќе ве чини само 4.600 долари.
Луанда е главно пристаниште и административен центар на Ангола. Сместена е на обалата на Атлантскиот океан на југот на Африка и има околу пет милиони жители. Третиот најгусто населен град во светот во кој се зборува португалски, зад бразилскиот Сао Паоло и Рио де Жанеиро.
Ангола, поранешната португалска колонија, стекна независност во 1975 година, а Луанда веќе тогаш беше модерен град. Меѓутоа, развојот беше запрен од граѓанската војна која траеше од 1975 до 2002 година.
Обновувањето на Ангола започна веднаш по завршувањето на војната, а за забрзаниот економски раст најмногу придонесуваат нафтата и дијамантите.
Во Луанда главно живеат африкански етнички групи, а меѓу странците, освен Португалци, има и Латиноамериканци, а се поголем е и бројот на Кинези и Виетнамци.
Зад Луанда, Москва и Токио, на четвртото место е Нџамена во Чад, петти е Сингапур, а на листата од „топ 10“ следат Хонг Конг, Женева, Цирих, Берн и Сиднеј.
Слично
