Еве кои земји ќе бидат мета на џихадистите
Портпаролот на организацијата „Исламска држава“, Абдул Хасан ел Мухаџир ги повикал вчера следбениците да вршат напади во САД, Европа, Русија, Австралија, Сирија, Иран и на Филипините, во текот на исламскиот свет месец Рамазан, кој почна кон крајот на мај.
„Лавови на Мосул, Рака и Тал Афар, нека Бог ги благослови овие чисти раце и светли лица, и против отпадниците борете се со силата на еден човек"- рекол портпаролот.
Reuters пишува дека не може да се потврди автентичноста на аудио снимката на портпаролот на ИСИС, која е пратена преку кодирана апликација за праќање на пораки на ИСИС, но дека гласот е ист како и во претходната порака.
Неодамна ИСИС се заканија дека не го заборавиле Балканот, и кажаа дека ќе се борат против „неверниците“, а канадски експерт за антитероризам предупреди дека е можно летово да има напад во Скопје, поточно во август.
