Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ ПРЕЖИВЕАЈА ПАТНИЦИТЕ ВО АВИОНОТ: Додека авионот гореше, тие седеа и слушаа инструкции

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ ПРЕЖИВЕАЈА ПАТНИЦИТЕ ВО АВИОНОТ: Додека авионот гореше, тие седеа и слушаа инструкции

Годината за Јапонија не можеше да започне полошо - прво разорни земјотреси, па пожарот во авионот на пистата Ханеда во Токио каде има неколку жртви на крајбрежната стража. За среќа, патниците и екипажот се безбедни благодарение на неверојатната организација која изврши евакуација на 379 патници од запалениот авион за само 90 секунди.

На социјалните мрежи е објавено видео од евакуацијата, од внатрешноста на авионот. Видеото го објави Пеѓа Вучетиќ (главен одговорен уредник на порталот „Танго шест“, специјализирана веб-страница за авијација) на неговиот профил на „Х“, поранешен „Твитер“ и ги објасни деталите од акцијата за евакуација, за која целиот свет зборува.

„Уште едно видео од авионот. Патниците седат на своите места и ги слушаат упатствата на екипажот додека се подготвуваат тобоганите за евакуација. Во кабината веќе има чад, авионот однадвор е зафатен од пламен. Не е забележано дека некој од патниците донел рачен багаж! Голема почит кон дисциплината на патниците и професионалноста на екипажот на Japan Airlines!“ напиша тој.


Слично

Поврзани вести