Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КАДЕ СЕ ДЕЦАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДОДЕКА ТРАЕ ВОЈНАТА СО РУСИЈА: Украинскиот претседател конечно прозборе за нив

ЕВЕ КАДЕ СЕ ДЕЦАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДОДЕКА ТРАЕ ВОЈНАТА СО РУСИЈА: Украинскиот претседател конечно прозборе за нив

Зеленски на последната прес-конференција беше прашан за неговото семејство, а според него, неговиот десетгодишен син оди на училиште, а неговата ќерка, која има 19 години, студира на универзитет.

- Мило ми е што се тука - додаде Зеленски.

На вториот ден од војната, да потсетиме, Зеленски уверуваше дека неговото семејство не ја напуштило Украина, туку е на безбедно место.

- Моите деца се во Украина. Мојот син има 10 години и е во Украина. Можеа да го однесат во странство, но ниту јас ниту жена ми не размислувавме за тоа. Дали нашите деца треба да одат во странство и да се сончаат на плажа додека другите деца умираат? Тоа би било неправедно - изјави претседателот на почетокот на годинава.

Сопругата на украинскиот претседател Елена Зеленскаја на почетокот на декември призна дека не сака нејзиниот сопруг да биде избран за нов мандат.

Ало.рс

Слично

Поврзани вести