Еве каде најубаво може да живеете
Мелбурн и оваа, како и минатата година е најдоброто место за живеење на светот, покажува годинешното истражување на „Економист“.
Главниот град на австралиската југоисточна држава Викторија се најде пред Виена и канадските градови Ванкувер, Торонто и Калгари, а меѓу првите 10 се уште три австралиски градови - Аделаида, Перт и Сиднеј, како и финската престолнина Хелсинки и новозеланската Окленд.
Мелбурн од вкупно 141 град, се најде на првото место во сите пет категории - стабилност, здравствена заштита, култура и околина, образование и инфраструктура.
Поради немирите во рамките на „арапската пролет“ од 2011. година, кои доведоа до граѓанска војна во Сирија и Либија, Дамаск, Триполи и Каиро се на дното на оваа листа заедно со Техеран, Дуала во Камерун, Карачи, Хараре, Лагос во Нигерија, Порт Морсби во Папуа Нова Гвинеја и Дака во Бангладеш.
Слично
