ЕВЕ КАДЕ Е ЗАКОПАН ПРИГОЖИН: Море од црвени рози и погреб со триесетина лица, Евгениј почива до татка си
Евгениј Пригожин, шеф на групата Вагнер, кој загина во авионска несреќа минатата недела, беше погребан на гробишта во предградието на Санкт Петербург. Погребот беше извршен денеска, далеку од медиумите и во целосна тајност, соопшти неговата прес-служба во кус пост на Телеграм.
„Простувањето со Евгениј Викторович се одржа во затворен формат. Оние кои сакаат да се збогуваат можат да ги посетат гробиштата Порохово“, велат тие. Сликите објавени на социјалните мрежи го покажуваат темниот гранитен надгробен споменик на Пригожин опкружен со море од цвеќиња, главно црвени рози, на гробишта на североисточниот раб на неговиот роден град.
Според некои руски медиуми, на церемонијата присуствувале околу 20 до 30 луѓе, а погребот траел околу 40 минути. Извори за руската државна новинска агенција ТАСС изјавија дека церемонијата се одржала приватно само со пријателите и семејството. Сликите кои кружат на социјалните мрежи и направени од новинската агенција Ројтерс го покажуваат гробот на Пригожин, веднаш до гробот на неговиот татко.
Пригожин ја предводеше руската група борци Вагнер, вклучително и на линијата на фронтот во Украина, пред да започне бунт против Кремљ во јуни. Тој загина во авионска несреќа минатата недела, два месеци по востанието. Кремљ ги отфрли обвинувањата дека Путин ја наредил смртта на Пригожин како одмазда за бунтот.
The head of PMC "Wagner" Yevgeny Prigozhin was buried in St. Petersburg.
— Sprinter (@Sprinter99800) August 29, 2023
Russian channels published a photo of Prigozhin's grave, his father is buried nearby.
Peskov said today that Putin would not attend Prigozhin's funeral. pic.twitter.com/CGLkIOZTjI
