Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве каде би сакале да живеете: Виена е град со најквалитетен живот во светот

Еве каде би сакале да живеете: Виена е град со најквалитетен живот во светот

Главниот град на Австрија, Виена, деветти пат ја доби титулата метропола со најдобар квалитет на живот во светот. 

Според меѓународната агенција „Мерсер“ во Виена се живее најдобро и тоа подобро од било кое друго место во светот.  На второ место е Цирих, а третото место го делат Оукленд и Минхен.

„Виена го освои првото место пред сè поради безбедноста, одличниот градски превоз и богатата културна понуда“, пишува „Мерсер“.

Меѓу првите десет града, како и лани, повеќето се градови во Европа – Диселдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген, Базел, на петтото место е Ванкувер, а на 10. е Сиднеј.

Најнеквалитетен живот имаа луѓето во Багдад.

Истражувањето опфаќа 231 голем град врз основа на 39 критериуми, меѓу кои се политичката и економската состојба, еколошките аспекти, здравственото осигурување, образованието.

Во речиси сите категории Виена доби максимален број на поени.



Слично

Поврзани вести