ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата
Американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата објави дека го помилувал својот син Хантер Бајден во правната постапка против него
Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ја коментираше одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да го помилува неговиот син Хантер во две судски постапки, оценувајќи ја таа постапка како „карикатура на демократијата“.
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во неделата дека го помилувал својот син Хантер Бајден во судската постапка против него за даночни прекршувања и поврзани со носење огнено оружје, оправдувајќи ја својата одлука со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење.
„Тоа е карикатура на тема демократија“, изјави денеска Захарова во коментар за одлуката на Бајден, пренесува „Известија“.
Бајден рече дека потпишал помилување за неговиот син Хантер во неделата, иако откако ја презеде функцијата вети дека нема да се меша во одлуките донесени од судовите и Министерството за правда.
Тој изјави дека до сега останал на таа одлука, иако, како што навел, гледал како неговиот син „неправедно гонат“, пренесе Ројтерс.
Во помилувањето се наведува дека Бајден му дал „целосно и безусловно“ помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1 декември оваа година.
Бајден оцени дека Хантер бил кривично гонет само затоа што е негов син.
Политика.рс