Еве дали е потребно да примите и четврта доза вакцина против ковид: Објавени најнови резултати од истражувањата
Францускиот совет за стратегија за имунизација (COSV) ја информираше француската влада дека давањето на четвртата доза од вакцината против Ковид-19 нема да донесе значителни придобивки, објави дневниот весник Le Monde.
„Податоците кои се достапни во моментот покажуваат дека не е потребна втора засилувачка доза“, велат француските експерти, пренесе Ројтерс.
Од друга страна, многу земји најавија дека почнале со четврта доза имунизација, но таа не се однесува на целото население, туку на одредени категории, како што се старите, хронично болните или здравствените работници. Еден од нив е Израел.
- Четвртата доза на антивакцинска вакцина што ја примаат лица постари од 60 години ги прави трипати поотпорни на сериозниот тек на болеста од луѓето кои примиле бустер доза - соопшти израелското Министерство за здравство.
