ЕВАКУИРАНА ЦЕНТРАЛНАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ЛОНДОН: Над илјада луѓе бегале во паника!
Железничката станица „Liverpul strit“ во Велика Британија е евакуирана денеска наутро под сомневање дека би можело да дојде до терористички напад. Информацијата испаднало дека е неточна.
Над илјада патници бегале во паника од централниот терминал во Лондон поради страв од „терористички активности“.
По 20 минути, станицата била повторно отворена бидејќи полицијата соопштила дека тоа било лажна тревога.
„Пред малку бев евакуиран од станицата „Liverpul strit“, не знаеме што се случува. Луѓето викаат дека имало терористички напад. Страшен почеток на едно утро“, напишал еден жител на градот на Твитер.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/PeterKoekoekEU/status/674151296845369344?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Британската транспортна полиција соопштила дека станицата е затворена пореади аларм и дека наскоро ќе биде повторно отворена.
