Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евакуиран терминал на аеродромот во Ница

Евакуиран терминал на аеродромот во Ница

Сомнителен багаж бил откриен утрово во зоната за пристигнувања.

Еден од терминалите на аеродромот во јужниот француски град Ница беше евакуиран делумно поради сомнителен багаж, пренесоа агенциите и ТАСС, повикувајќи се на локалниот весник „НИС Матеј".

Тој бил откриен утрово во зоната за летови на француската авиокомпанија Ер Франс. Областа е обезбедена од полицијата. Пристапот на автомобили до терминалот е забранет. Претходно, 85 лица загинаа, а над 400 беа повредени при напад со камион во Ница на националниот празник на Франција, 14 јули. Напаѓачот беше застрелан од полицијата. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група „Исламска држава“.
Слично

Поврзани вести