Евакуирајќи цивили настрада сопругот на вицепремиерката на Украина
Руските сили го убиле сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина.
Тој загинал при руското гранатирање, објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко.
Богдан Стефанишин загинал пред два дена за време на руско гранатирање додека се обидувал да ги евакуира цивилите од градот Чернихив.
„Тој загина како херој, обидувајќи се да евакуира цивили од Чернихив. Незамислива трагедија”, напиша Василенко на Твитер.
Веќе 38 дена руските сили војуваат во Украина.
Слично
