Евакуација на аеродромот во Мелбурн поради закана од бомба
Еден терминал на аеродромот во Мелбурн бил евакуиран поради сомнеж дека таму е поставена експлозивна направа, јавува „Еј – Би – Си“. Како што наведува ТВ станицата, четвртиот терминал на аеродромот бил затворен во 21 часот по локално време.
„Работиме заедно сонадлежните, па терминалот е затворен поради безбедносни причини“, истакнал еден од портпаролите на аеродромот.
Полицијата се уште го пребарува терминалот.
На овој терминал поради застојот биле поместени и закажаните летови, но останатите терминали функционирале нормално.
Слично
