ЕВАКУАЦИЈА ОД КУРСК: Колку луѓе го напуштија регионот?
Повеќе од 10 дена украинските сили се во Курск во Русија. Најмалку 121.000 цивили се евакуирани од девет погранични области на регионот Курск досега, а повеќе од 650 ги напуштиле зоните со висок ризик во изминатите 24 часа. Информациите ги објави заменик-портпаролот на руското Министерство за вонредни состојби, Артем Шаров, на брифинг со новинарите.
„Во текот на изминатите 24 часа, повеќе од 650 луѓе заминаа сами и во организирани конвои“, изјави тој.
Шаров информира дека жителите на пограничните области се преместуваат на безбедни локации.
Руските сили се борат против украинските војници во областа Курск од 6 август, кога илјадници украински војници упаднаа преку западната граница на Русија
Кремљ денеска ја отфрли можноста за мировни преговори со Украина поради ненадејната офанзива на Киев на руска територија, за која украинскиот претседател Володимир Зеленски наведе дека ги исполнува нејзините цели.
Украинците го уништија и третиот мост во регионот.