Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ева Каили денеска попладне излегува од притвор

Ева Каили денеска попладне излегува од притвор

Грчката европратеничка Ева Каили ќе биде пуштена на слобода денеска во 12 часот Според нејзиниот адвокат Михалис Димтракопулос таа ќе биде ослободена од затворите Харен, по одлука на правосудните органи.

Европскиот парламент беше во центарот на корупцискиот скандал, откако во притвор на крајот од минатата година заврши потпретседателката на Европскиот парлемент Ева Каили, а белгиската полиција заплени 600.000 евра во готовина во меѓународната истрага покрената заради одредени наводи дека Катар лобирал за влијание.

 Дел од медиумите веќе објавија дека од Катар „биле исплаќани високи суми на пари или им биле нудени вредни предмети на лица кои се високо позиционирани во ЕП“. Катар ги порекна сите обиди да биде поврзан со „обвинението за недолично однесување“.

Димитракопулос изјави дека од парите и наодите во резиденцијата на поранешната ТВ водителка и нејзиниот партнер, се докажува дека на ниеден импровизиран пакет пари не биле пронајдени отпечатоци од неа.

Каили за Ла Република рече дека ќе остане во Брисел и дека ќе продолжи да се бори за својата невиност.


Слично

Поврзани вести