Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУРОСТАТ: Бугарките се најмлади, а Италијанките најстари мајки во Европа

ЕУРОСТАТ: Бугарките се најмлади, а Италијанките најстари мајки во Европа

Просечната возраст на жените за раѓање на прво дете во Бугарија е најниска во Европската унија (ЕУ), покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.

Во 2015 година, просечната возраст на родилките на прво дете во земјата била 26 години. Зад Бугарија е Романија со 26,3 години, Летонија со 26,5 години и Полска со 27 години при просек за ЕУ  од речиси 29 години, а за еврозоната - речиси 30 години.

Жените во Италија раѓаат најдоцна во ЕУ - во просек на 30,8 години, проследено со Шпанија - 30,7 години, и Луксембург и Грција - по 30,2 години.

Што се однесува до бројот на породувања во ЕУ како целина се родени со 0,8% повеќе деца во 2015 година во однос на 2001 година 

Најголемо намалување на бројот на родените деца за периодот е забележано во Португалија - над 24%, Холандија - речиси 16%, Данска - 11%, Романија - над 10%, и Грција - исто малку над 10%.

Во Кипар коефициентот на плодност се намалува за периодот со 0,25, во Луксембург - со 0,19, а во Португалија - со 0,14.

Иако зголемувањето на коефициентот на плодност во ЕУво  само две држави се близу до темпото потребно за репродукција на нацијата (2,1) - Франција (со коефициент 1,96) и Ирска (1,92). По нив се Шведска со 1,85 и Велика Британија со 1,8. Со најнизок коефициент се Португалија - 1,31, Кипар и Полска - со 1,32, Грција и Шпанија - со 1,33, и Италија - 1,35.

Генерално во ЕУ во 2015 година се родени над 5,1 милиони бебиња во споредба со нешто над 5 милиони во 2001 година. 

Слично

Поврзани вести