Еуфорија на Волстрит, американските индекси книжат рекордни вредности
Доналд Трамп потпиша декрет за веднаш да се изгради ѕид на границата со Мексико. Претседателот рече дека двете држави можат да ги подобрат односите. Друга усвоена директива гласи дека треба да се засили примената на законот за имигрантите.
Во меѓувреме на Волстрит индексот Дау Џонс го надмина нивото од 20 000.
Корелацијата помеѓу американскиот долар, американските камати и јапонскиот јен се расипува.
Приносот на обврзниците и од двете страни на Атлантикот расте
Приносот по американските обврзници вчера порасна повторно до нивоа над 2,5%.
Приносот по десет годишните германски обврзници скокна со 6.4 поени до највисоки нивоа за последната година.
Падови на златото и нафтата
Златото падна привремено под 1200 долари, но потоа успеа да се врати над најважно ниво. При пробивот на Дау Џонс во бариерата од 20 000 инвеститорите побрзаа да купат ризични средства. Тоа ги насочи набавките од најсигурните средства, што е и златото, кон акциите. Жолтиот метал најверојатно ќе има проблеми во краток рок.
Оптимизмот околу Трамп му помогна на бакарот да се задржи над 270 долари. Средната позиција на ова ниво изгледа разумна, но сеуште не се препорачува.
Нафтата забележа мал пад, бидејќи според извештаите резервите во САД се зголемени за повеќе од очекуваното. Зголемувањето на нафтата веројатно ќе се судри со отпор, бидејќи Трамп планира да ја намали зависноста на Америка од увозот на нафта.
Еуфорија на Волстрит, Дау Џонс го проби нивото од 20 000
Дау Џонс го проби и затвори за првпат нивото од 20 000. Стандард и Пурс и Насдак исто така забележаа нови рекорди по позитивни корпоративни резултати како оние на Боинг и зголемениот оптимизам за економијата.
Во Европа STOXX се зголеми за 1,3%, што е најдобар перформанс за последните 11 недели и највисоко затворање за последната една година. И тука помогнаа силните корпоративни резултати, како и особено растот на банкарскиот сектор со 3%.
