Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ започна правна постапка против „Астра Зенека“, „Астра Зенека“ пак порача: Ќе се браниме на суд

ЕУ започна правна постапка против „Астра Зенека“, „Астра Зенека“ пак порача: Ќе се браниме на суд

Европската унија покрена правна постапка против шведско-британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ за непочитување на договорот за испорака на вакцини против вирусот корона.

Според Европската комисија, постапката е поведена поради недостаток на сигурен план за обезбедување навремена испорака.

„Комисијата започна правна постапка против „Астра Зенека“ минатиот петок“, рече портпаролот на ЕК на прес-конференција, објави Ројтерс.

Тој посочил дека сите 27 земји-членки на ЕУ го поддржалe овој потег, јави Танјуг.


Слично

Поврзани вести