ЕУ воведува нови правила – ќе ја ограничи водата која земјите-членки ја трошат во тоалетните казанчиња
Оваа недела Брисел ќе објави нови правила за хармонизирање на стандардите и штедење, поврзани со тоалетите , пишува весникот " Фигаро". ЕК се очекува да препорача употреба на 6 литри вода при нормално активирање на казанчето и 3 литри за тоалетните казанчиња од економски тип. Англичаните сепак инсистираат да уживаат во 4 литри вода за економските казанчиња .
Според Брисел, новите правила за тоалетите ќе помогнат за штедењето 6600 литри вода годишно и на домаќинство. Новите правила се развиени врз основа на тригодишно истражување на навиките на европските граѓани , пренесоа агенциите . Во истражувањето на Комисијата , кое чинело 88 000 евра , Велика Британија е наведена како еден од најголемите корисници на вода во тоалетите . Податоците покажуваат уште дека 30% од потрошувачката на вода на Британците им оди токму во тоалетите. За споредба , кај Финците за оваа намена се посветени само 14 отсто од целата потребна вода . Бугарија е меѓу земјите каде во домовите најчесто недостигаат елементарни санитарни услови - секој четврти живее во дом без внатрешен тоалет. Ова го покажуваат последните податоци на статистичката служба на ЕУ - Еуростат , пренесува "Монитор" .
Романија , Бугарија , Естонија , Латвија и Литванија имаат најголеми проблеми со санитарните услови.
Слично
