Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ усвои план за распределба на бегалците

ЕУ усвои план за распределба на бегалците
По низа преговори, министрите за внатрешни работи на Европската Унија, со широко мнозинство го усвоија планот за распределба на 120 000 бегалци. Според планот, бегалците по договорените квоти ќе бидат релокализирани од Италија, Грција и Унгарија во други земји-членки на ЕУ. Против овој план гласаа четири членки меѓу кои Унгарија, Словенија, Романија и Чешка, а Финска била воздражана. По гласањето, премиерот на Словачка, рече дека нема да ги прифати новите квоти. Овој план на Европската комисија беше предложен пред три недели, но немаше согласност за реализација. Деталите на планот за релокализација се уште не се познати. Инаку, утре во Брисел ќе се одржува вонреден самит посветен на бегалската криза, каде ќе се бара решение за сириската криза, заштитата на надворешните граници и како да се помогне на Турција кога до сега прими околу 2 милиони бегалци.
Слично

Поврзани вести