Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ треба да им помогне на бегалците да останат во регионот, вели Јохансон

ЕУ треба да им помогне на бегалците да останат во регионот, вели Јохансон

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Илва Јохансон изјави дека Авганистан не е безбедно место за депортирање мигранти, но Европската унија (ЕУ) треба да се обиде да им помогне да останат во регионот, наместо да чекаат да стигнат до прагот на Европа. 

Таа во видео изјава рече дека не е можно да се вратат луѓето во Авганистан сега затоа што не е безбедно, но важно е да им се помогне да се вратат во своите домови кога е можно. Наведе дека треба да им се помогне и на соседните земји во регионот.

„Европа „не треба да чека луѓето да стигнат до нашата надворешна граница“. Прво треба да им помогнеме. Важно е да им се помогне на оние кои се во непосредна опасност да се преселат во земјите -членки на ЕУ “, рече комесарот. 

Авганистанците по Сиријците се најбројни меѓу оние што поднесуваат барање за меѓународна заштита во Европа.

Слично

Поврзани вести