Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕУ СТАНА КОРИСЕН ИДИОТ НА ВАШИНГТОН“: Захарова го објави одговорот на Москва на новите санкции на Брисел, спомна и сигнали од САД

„ЕУ СТАНА КОРИСЕН ИДИОТ НА ВАШИНГТОН“: Захарова го објави одговорот на Москва на новите санкции на Брисел, спомна и сигнали од САД

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,  изјави дека најавениот 12-ти пакет санкции на Европската унија против Русија е дел од „хибридната војна“ што ја води Западот.

– Поради бескрајните санкции против Русија, ЕУ стана корисен идиот на Вашингтон – рече Захарова на брифинг со новинарите, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека САД ја користат Европа како „стап“ во антируската политика на Вашингтон. Таа повтори дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за Русија.

Захарова рече дека новите санкции нема да постигнат ништо и нема да останат неодговорени, додавајќи дека западните санкции и наштетиле на самата Европска унија.

Европската комисија (ЕК) претходно предложи забрана за увоз на дијаманти и течен природен гас (ЛНГ) од Русија и заострување на контролите на ограничувањата на цената на руската нафта. За овие и други мерки членките на ЕУ ќе разговараат во петок, на 17 ноември.

Захарова додаде дека САД „испраќаат сигнали“ за подготвеноста да се вклучат во дијалог со Русија „зад сцената“ на самитот за азиско-пацифичка економска соработка во Сан Франциско.

– Почнаа да пристигнуваат сигнали за нивната подготвеност да водат прагматичен, неформален дијалог со нас, иако засега зад сцената – изјави рускиот функционер.


Слично

Поврзани вести