ЕУ создава резерви за стабилност на пазарот на штетни гасови
Советот на Европската унија (ЕУ) го прифатил решението за создавање на резерви за стабилност на пазарот кон Шемата на ЕУ за тргување со емисии на стакленички гасови, објавија од прес-службата на Советот.
Одлуката е насочена кон справувањето со нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на пазарот, се наведува во соопштението.
Кога во одредена година квотите на емисии надминат одредена граница, дел од нив ќе бидат преземени од пазарот автоматски и ќе се стават во резерва. Во спротивен случај квотите ќе бидат вратени на пазарот.
Во соопштението се потсетува дека во 2013 година имаше значителен вишок на квоти од штетни гасови, кој се очекуваше да се зголеми во наредните години. Тоа беше резултат на нерамнотежата помеѓу побарувачката и понудата заради економскиот циклус.
Присуството на голем вишок создава притисок врз цените на дозволите и го намалува поттикот за нискокарбонски инвестиции. Затоа, ако не биде совладана, актуелната нерамнотежа ќе влијае на способноста на пазарот да се постигнат целите на системот на ефективен начин.
Резервите за стабилноста на пазарот ќе бидат формирани во 2018 година и ќе влезат во акција од 1 јануари 2019 година, се наведува во соопштението. Квотите, чија продажба во 2014-2016 година беше одложена за 2019-2020 година, ќе бидат ставени во резерва. Нераспределените квоти од третата фаза на системот, исто така ќе влезат во резерва во 2020 година.
Еврокомисијата предложи создавањето на резерва во 2014 година . Неформален договор за компромисен текст меѓу Европскиот парламент и Советот кој беше постигнат во мај 2015 година. Парламентот ја одобри реформата во јули 2015 година со одобрение на Советот.
