ЕУ соопшти каков став ќе заземе во однос на Талибанците
ЕУ ќе соработува со Талибанците, но нема да брза да ги признае како нови власти.
Европската унија ќе мора да соработува со Талибанците, но нема да брза со формалното признавање на таа исламистичка милитантна група како нови владетели на Авганистан, изјави денеска извршниот директор на Европската комисија за Азија и Пацификот, Гунар Виганд. Тој вели дека официјалните односи ќе бидат воспоставени само доколку Талибанците исполнуваат голем број услови, вклучувајќи почитување на човековите права и неограничен пристап до хуманитарните работници, пренесе „Ројтерс“. Инаку, Талибанците со воени паради ја слават победата во Авганистан.
Слично
