Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ собра 8 милијарди за вакцината против Ковид-19

ЕУ собра 8 милијарди за вакцината против Ковид-19

На донаторската конференција со која претседаваше претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, беа собрани повеќе од 8 милијарди евра за развивање на вакцината против новиот корона вирус. Освен земјите членки на Унијата, пари за вакцината донираа и други држави, организации и индивидуалци. Најголеми суми дадоа: Европската комисија, повеќе од една милијарда, една милијарда има од Норвешка, 800 милиони од Јапонија и повеќе од 500 милиони од Франција, Саудиска Арабија и Германија.

Отсуствуваат парите од САД, па во оваа насока, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека има разговори со американскиот претседател Доналд Трамп и изрази увереност дека и САД ќе се вклучат во напорите за што побрзо развивање на вакцината.

Во меѓувреме Стејтдепартменот соопшти дека САД досега издвоиле 2,4 милијарди долари за глобална здравствена, хуманитарна и економска помош поради КОВИД-19.


Слично

Поврзани вести