ЕУ со тужба против Русија
Европската Унија ќе поднесе тужба во Светската трговска организација (СТО) за да се реши спорот со Русија во поглед на прекумерните увозни царини. Причината за тужбата е тоа што одредени производи, особено хартијата, палминото место, ладилниците и фрижидерите, имаат повисоки тарифи од оние коишто ги поставила СТО.
„Европската унија побара денес формирање на панел за разрешување на споровите во Светската трговска организација во Женева за прекумерни увозни царини, особено, на хартиеното производство, ладилниците и палминото масло“, пишува во соопштението пренесено од руската информативна агенција „Новости“.
Од Европската Комисија сметаат дека покачување на увозните царини и поставување на тарифи повисоки од оние што ги одредила СТО е прекршување на основните принципи на самата организација. Освен тоа, токму тоа покачување влијае негативно врз европскиот извоз на овие производи и ја чини ЕУ 600 милиони евра годишно.
Љ.Н.
