Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ СЕ ОДМАЗДУВА: Вискито и џусот од САД одат на „црна листа“

ЕУ СЕ ОДМАЗДУВА: Вискито и џусот од САД одат на „црна листа“

Европската унија подготвува "црна листа" на американски производи, доколку во  Вашингтон биде донесена одлука за ограничување на увозот на алуминиум и челик, пишува германски "Frankfurter algemajne cajtung".

Американското министерство за трговија го повика претседателот  Доналд Трамп да воведе царина или квота за метали од странство. Тие како причина за овие давачки ја наведуваат загриженоста за националната безбедност, објави агенцијата АП.

Европската комисија според податоците од германската листа планира “одмазда“ преку воведување царина на поединечни производи од САД меѓу кои се најдоа американското виски, мотоцикли "Харли Дејвидсон" и американсиот џус.

Портпаролот на Комисијата, Маргаритис Шинас, одби да ги коментира ваквите тврдења, но рече дека ЕУ ќе преземе "соодветни мерки за одбрана на својата индустрија".

„Брисел е подготвен да реагира брзо и соодветно во случај нашите извози да бидат погодени од рестриктивни трговски мерки од САД", рече Шинас.

Слично

Поврзани вести