Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ сака повеќе жени на раководни позиции во бизнисот

ЕУ сака повеќе жени на раководни позиции во бизнисот
Во одборите на над три четвртини од компаниите во Европската унија ( ЕУ ) има барем една жена , објави Bloomberg . Според информациите во 50% од компаниите претставничките на понежниот пол во управата се повеќе од една . Податоците се значително подобри во споредба со 2010- та , кога во управувањето само на 2 / 3 од фирмите учествуваа жени . Минатата недела Европскиот парламент ја одобри нацрт- директивата , која предвидува до 2020 година да биде воведен 40%  квота за жените во управните одбори на сите компании во Европската унија , кои се регистрирани на берзите . Документот е дел од стратегијата на Европската унија да се постигне еднаквост помеѓу жените и мажите . Според еврокомесарот Вивиен Рединг,  студии на многу економски организации и компании покажуваат дека жените на раководни позиции доведуваат до подобри финансиски резултати во компаниите .
Слично

Поврзани вести