ЕУ сака да ги ограничи платите на менаџерите во јавните компании
Европската комисија (ЕК) сака да ги ограничи платите на директорите на сите компании со чии акции се тргува на берзите во ЕУ. Ова го изјави во интервју за утрешниот број на германскиот Frankfurter Allgemeine Zeitung еврокомесарот за внатрешен пазар и финансиски услуги Мишел Барние, цитиран од Франс прес.
"За сите претпријатија, чии акции се котирани на берзи во Европската унија (ЕУ), акционерите ќе треба да решаваат за нивото на платите, вклучително и за златните Падобрани (голем надоместок при напуштање на функцијата)". При тоа, платите ќе мора да бидат транспарентни ", посочува Барние за германскиот весник.
"Треба да се вратиме на идејата за социјална пазарна економија", аргументира тој.
"Компаниите не смеат да бидат штанд за самопослужување на менаџери. Затоа ние треба да обезбедиме контрола на акционерите во компаниите", додава еврокомесарот.
Европската комисија е поттикната да донесе вакви мерки од референдумот во Швајцарија на почетокот на март за прашањето за ограничување на премногу високите плати на шефовите на швајцарските компании котирани на берзата.
Брисел ќе претстави пакет слични мерки до крајот на годината.
Слично
