ЕУ размислува да воведе визи за САД и Канада
Европската комисија размислува дали да воведе визи за американските и канадските граѓани кои сакаат да ја посетат ЕУ - чекор кој може да ги зголеми тензиите од двете страни на Атлантикот, пренесе Ројтерес.
ЕК ќе дискутира за прашањето на средба идниот вторник, само една недела пред европска турнеја на Барак Обама, за време на која тој ќе разговара за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Вашингтон.
Комисијата одлучила да го разгледа прашањето за визите по одбивањето од страна на САД и Канада да ги олеснат условите за визи за некои носители на пасоши на земји членки на ЕУ.
Извор од ЕК вели дека пред да се донесе одлука за такво важно прашање како евентуални визи за американски и канадски државјани, ќе има политичка дебата. Но има реален ризик ЕУ да продолжи со воведување на визи за овие луѓе, додал изворот од ЕК.
Вашингтон и Отава сакаат сега од Бугарите и Романците што патуваат за САД и Канада, да имаат соодветно американска и канадска виза. Двете земји се дел од ЕУ од 2007 година а САД ги исклучуваат од шемата за ослободување од визи, предложена на ЕУ, уште неколку европски земји, како Полска, Кипар и Хрватска.
