Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ разгледува нови санкции против Русија, нови жртви во Украина!

ЕУ разгледува нови санкции против Русија, нови жртви во Украина!

Европските лидери побараа од своите министри за надворешни работи да го разгледаат одговарачкиот одговор на ескалациите на судирите на истокот од Украина, вклучувајќи ја можноста за нови санкции против Русија, за што ќе се одлучува на состанокот во Брисел на 29 јануари.

А во Украина во последните 24 часа се убиени 9 војници.

Во заедничката изјава, европските лидери навеле дека имаат „докази за продолжувањето и новата поддршка која сепаратистите ја добиваат од Русија“ додавајќи дека поддршката ја нагласува одговорноста на Русија за кризата.

Во изјавата се бара Русија да ги осуди акциите на сепаратистите и да ги примени одредбите на Спогодбата за прекин на огнот постигната во Минск на 5 септември 2014.

ЕУ исто така го осудила убиството на 30 цивили на 24 јануари, во текот на бомбардирањето на  Марипољ кој е под контрола на украинските сили.

И обединетите нации соопштиле дека бомбардирањето на Марипољ, од територијата под контрола на проруските сепаратисти, напад во кој мета биле цивили, кршење на меѓународното хуманитарно право.

Во меѓувреме украинската војска денеска соопштила дека девет војници се убиени, а 29 повредени во судирите на истокот од Украина во последните 24 часа.

Слично

Поврзани вести