Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ притиска за преразгледување на договорите за „Јужен тек“

ЕУ притиска за преразгледување на договорите за „Јужен тек“
Европската унија в петок и официјално од Русија ќе побара преразгледување на билатералните договори за изградба на гасоводот „Јужен тек“. Еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер ќе го изнесе ова барање пред рускиот министер за енергетика Александар Новак, изјави неговата портпаролка Сабине Бергер.

Москва за сега останува на ставот оти дополнителни преговори за веќе потпишаните договори нема да има и бара од Брисел да дозволи исклучоци од Третиот енергетски пакет на ЕУ  и да не го проблематизира овој проект.

Според Европската комисија, Третиот енергетски пакет на Унијата е во спротивност со двостраните договори за проектот „Јужен тек“, бидејќи пакетот предвидува сопственикот и операторот на гасоводите на европска територија да бидат различни, како и до објектите да биде дозволен пристап на надворешни компании.

Меѓу земјите кои потпишаа ваков билатерален договор за изградба на гасоводот „Јужен тек“ е и Македонија, но македонските власти за сега не го коментираат спорот на релација Брисел-Москва за клучниот енергетски проект.  
Слично

Поврзани вести