Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ презема итни мерки против поморските шверцери на мигранти

ЕУ презема итни мерки против поморските шверцери на мигранти
Европската унија вети дека ќе преземе соодветни мерки како одговор на новата тактика на криумчарите на луѓе, кои шверцуваат мигранти во големи, товарни бродови и на сред Средоземно море ги оставаат без екипаж со цел да бидат спасени од страна на властите на крајбрежните држави и да бидат истоварени на европско копно. Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, денеска изјави дека Унијата мора да делува и дека тоа ќе го стори брзо. Агенцијата на ЕУ која е задолжена за безбедноста на надворешните граници „Фронтекс“ соопштила дека од август па до сега биле забележани околу 15 такви обиди на бродски транспорт на мигранти во Европа. Само минатата недела во Средоземното море беа пронајдени два вакви бродови на кои вкупно патувале повеќе од 1.000 мигранти, главно од Сирија. Шинас изјавил дека во напорите за спасување на мигранти минатата недела учествувале и пловилата на „Фронтекс“, но дека ЕУ може да направи многу повеќе од тоа. За таа цел земјите на ЕУ ќе мора, според неговите зборови, да обезбедат „повеќе средства, повеќе инструменти и повеќе пари“.  
Слично

Поврзани вести