ЕУ ПРЕДУПРЕДУВА - Затворањето на Ормутскиот теснец би било опасно за целиот свет
Затворањето на Ормутскиот теснец од страна на Иран би било опасно и не е добро за никого, изјави денес високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Каја Калас.
- Загриженоста за одмазда и ескалација на војната е голема, особено затоа што затворањето на Ормутскиот теснец од страна на Иран би било исклучително опасно и нема да биде добро за никого - изјави Калас пред новинарите пред состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ, пренесува Ројтерс.
Иранската телевизија „Прес ТВ“ во неделата објави дека Врховниот совет за национална безбедност на Иран е на прагот да донесе конечна одлука дали да го затвори теснецот, откако парламентот ја поддржа мерката.
Околу 20 проценти од глобалната побарувачка за нафта и гас поминува низ овој канал.
