Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ: Правосмукалки само со јачина до 1.600 вати!

ЕУ: Правосмукалки само со јачина до 1.600 вати!
Според Директивата на ЕУ која од утре стапува на сила, во Европската унија ќе биде забранет увозот и продажбата на правосмукалки со јачина поголема од 1.600 вати. Се предвидува корекција на дозволената јачина и на околу 30 други апарати, меѓу кои и феновите за коса. Новите правила се дел од Директивата за енергетска ефикасност, а според неа се планира до 2017 година ниту една правосмукалка во ЕУ да не биде посилна од 900 вати.
Здруженијата на потрошувачи реагираа на ваквата одредба, нагласувајќи дека новите правила само ќе го зголемат времето на користење на апаратите, бидејќи тие ќе бидат послаби. Јачината на феновите ќе се намали за 30%, а корекции ќе претрпат и електричните апарати за готвење и косилките за трева.
На листата се најдоа и телевизорите, машините за садови и фрижидерите, но не е конечна, затоа што според некои предвидувања на нејзе треба да се најдат и мали кујнски апарати. Според европските медиуми, потрошувачите засега најмногу ги погодува одлуката од пазарот да исчезнат моќните правосмукалки. Многу скептици одлучиле пред да стапи директивата на сила да направат залихи од овие апарати, па во август трговците забележале голем раст на продажбата.
Слично

Поврзани вести